Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ПИКАНТЕРИИ ОД СНИМАЊЕ НА СЕРИЈАТА “ПЕЈАЧКА“. Еве што Милица открила…

Убиството на фолк пејачката Јелена Марковиќ послужило како инспирација на авторите на серијата “Пејачка“. Главната улога и припаднала на Милица Павловиќ, која деновиве се дружела со новинарски екипи во една вила на Дедиње.

– Голема чест ми е што сум дел од овој проект. Учам секој ден од луѓе кои се на сетот. Проектот е мега-гига, како што велиме ние на естрада. Одвај чекам да почне да се емитува и публиката да виде што подготвуваме сите овие месеци –изјавила Милица.

На конференцијата меѓу другите се појавиле глумците Милош Тимотијевиќ и глумицата Јелена Грујичиќ која игра нејзина сопарничка.

– Се трудам да бидам на висина на задачата. Сето ова за мене е ново. Трет ден ми е на снимање и веќе ги испукав некои бонуси. Сите ме гледаат чудно кога доцнам па сега доаѓам пет минути порано. Ја научив лекцијата…

Пејачката признала дека најмногу прашања стигнале за колегата Милош Тимотијевиќ. – Сите мои другарки умираат по Тимотијевиќ. Тој навистина изгледа добро, но дека е толку фатален по жени, не сум знаела. Се плашам што ќе се случи кога ќе почнам да снимам со него – признала Милица

Снимањето на “Пејачка“ кое започна на 12 август во Белград ќе трае до 12 ноември.

– Убиството на Јелена Марјановиќ беше само инспирација за серијата. Жал ми поради болката која ја трпи нејзиното семејство – кратко рекла сценаристот на серијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...