Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

На полицајците во Црна Гора ускратено бирачкото правото, ги распоредиле на работни задачи во други општини (видео)

На социјалните мрежи се врти снимка од Подгорица, на која еден од полицајците кој е испратен на “терен“ бара да му се овозможи право на глас, но и за тоа да го извести министерот за внатрешни работи Мелвудин Нухоѓиќ.

Повеќе службеници од Управа на полиција се обратиле до Вијести тврдејќи дека раководителот им го ускратува бирачкото право.

Како што тврдат оневозможено им е да го остварат своето бирачко право, утрово пред отварање на бирачките места и ги распоредиле на други задачи во други општини, од каде не ќе можат да стигнат до затворање на гласањето.

Поединци наводно се од Центар за безбедност во Подгорица испратени на помош во Херцег Нови, Колашин, Цетиње, Даниловград…

Како што тврдат речено им е дека неможат да им го обезбедат правото на гласање и дека во тие општини остануваат до 22 часот.

Од управата на полицијата, меѓутоа тврдат дека тоа е направено на основа на утврден план на активности…

Од МВР не објасниле кој ја правел селекцијата на службениците кои се испратени на терен, нити како коментираат за оние кои се испратени вон местата на живеење и неможат да гласаат.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...