Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

И официјално: Златан уште една година во Милан,со плата од 6 милиони евра!

Она што веќе неколку дена се најавуваше, од пред неколку часа е и официјално. Милан преку својот  твитер потврди дека Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот на „росо-нерите“ и во следната 2020/2021 сезона. Секако дека тоа е причина за радост на фановите на фудбалскиот гигант од Милано, а италијанските медиуми пишуваат дека годишната плата на Златан ќе изнесува 6 милиони евра, тука не се пресметани разните бонуси, со што оваа сума може да порасне на 7 милиони евра.

Инаку Швеѓанецот во Милан дојде во јануари оваа година, одигра 20 натпревари, постигна 11 голови а запиша и 5 асистенции.

“Јас сум среќен. На крај добро е што можам да се вратам таму каде што се чувствувам како дома. Сега мораме да продолжиме да работиме таму каде што застанавме“ изјави Ибрахимовиќ по следувањето на аеродромот во Милано и додаде:

„И претходно имаме кажано: Не дојдов тука за да хидам маскота, тука за добри резултати, да го вратам Милан онаму каде што му е местото. Имавме добри шест месеци, но уште ништо не освоивме“.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...