Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Дуа Липа пере пари за албанската мафија!

Етнички албански музички ѕвезди со потекло од Албанија, Косово и Македонија имаат метеорски кариери во изминативе години. Од Рита Ора, преку Дуа Липа до Бебе Реџа, албанските пејачки преку ноќ постигнуваат светска слава за која талентите од другите земји во регионот можат само да сонуваат.

Дуа Липа дури застана зад фестивалот Сани Хил во Приштина, каде со себе ја донесе и Мајли Сајрус, додека Рита претходната година Ора пееше на 10 годишнината од косовската независност (при што по грешка кажа дека земјата се изборила за независност од Албанија).

Но, која е тајната на успехот на овие нови ѕвезди, и дали тоа се должи само на нивниот талент, или пак нешто повеќе стои зад тоа. Популарна серија коментари на твитер, од анонимен автор, посочуваат на вештачкиот карактер на успехот барем на некои од албанските пејачки, кои изминативе години се јавуваат како клонирани.

Причина за сомнеж во изворноста на нивниот успех се јасните примери на концерти на кои се гледа дека дел од нив воопшто не се толку популарни како што се претставуваат, но сепак се промовираат на скапо организирани настани. Најдрастичен пример е концертот на Рита Ора во хрватскиот град Задар во 2019 година, кога организаторите тврдеа дека имале 60.000 посетители и невидена атмосфера.

Салата во која се одржал концертот собира само 9.000 гледачи, а на концертот била полу-празна – локалните медиуми проценуваат дека имало само 5.500 посетители заинтересирани да ја видат и слушнат Рита Ора. Жители на Задар велеа дека наоѓале туциња билети за концертот оставени на нивните возила и во влезовите, што е јасен доказ дека интересот бил исклучително слаб.

Зошто некој би организирал турнеи за пејачки за кои и нема толку голем интерес, а притоа би прикажувал десет пати поголеми бројки на посетеност? Едно објаснување е дека турнеите на пејачките се користат за перење пари на албанската мафија. Големи концерти и високите хонорари на пејачките се извонредна можност големи суми на црни пари, добиени од криминални активности, да се внесат во легалниот оптек, се шпекулира во коментарите на Твитер.

За албанската мафија парите не се проблем – поголем проблем честопати е како тие пари да се потрошат, односно да се стават во оптек на начин кој ќе биде легален. Честопати ова се прави преку крупни проекти со недвижности или трговски центри со нереално голем промет.

Одржување на регионална турнеја, при која организаторите може да прикажат нереално високи трошоци за публиката (која реално скоро и да ја нема) може да им дозволи на организаторите да оправдааат купишта пари кои не би требало ги имаат во своја сопственост, и потоа да ги инвестираат во легални бизниси.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...