Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ДР КИСИЌ: Нов бран КОРОНА ВИРУС НЕМА ДА ИМА, а еве зошто…

Заменик директор на Институт за јавно здравје на Србија “Др. Милован Јовановиќ Батут“ Дарија Кисиќ Тепавцевиќ изјавила судејќи по се на есен нема да имаме втор бран на корона вирус, туку дека во тој период, дрги респираторни инфекции ќе влезат со овој првиот, кој само ќе продолжи.

Таа рекла дека тешко ќе имаме 28 дена без новозаразени, што е услов да кажеме дека првиот бран на епидемија завршен.

Кисиќ Тепавчевиќ укажала дека во последните недели има постепено опаѓање на лабораториски потврдени случаи од инфекција со корона вирус, но токму поради тоа треба да се соберат сила и без опуштање и понатаму да се применуваат сите мерки, бидејќи се покажале ефектни.

Таа укажала дека може да се случи повторно да букне епидемиолошка ситуација, а посебно загрижува фактот што земјите во опкружување имаат тренд на пораст на заболени.

Нагласува дека сите граѓани кои одат во други земји на одмор треба да знаат дека моментално е поголема шансата да се заразат таму отколку во Србија.

Кисиќ рекла дека врероватно повторно ќе се корегира одлуката за задолжителен негативен ПЦР тест за државјани од други земји и открила дека има десетина пациенти кои во март и април имале корона вирус, а потоа повторно се заразиле.

Како најголема непознатица за корона висрус како што истакнала е должината на имунитетот кое го има лицето откако ја преживеало болеста.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...