Марко Мартинага е новото лице кое се појави на тренингот на Вардар. Левиот бек од Хрватска, заедно со Бразилецот Чарлс, неколку дена ќе биде на проба и ќе се обиде да се докаже на стручниот штаб.
Мартинага има 22. години, досега има играно за екипите на Славен Белупо, Вараждин, НК Декани од Словенија, а последен клуб му бил Копер.
Вардар се уште чека разрешница околу ситуавијата со Игески и Петровиќ, кои не можат да бидат регистрирани поради административни проблеми на „црвено-црните“.