5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Јанушев во собрание: Неписмени сте!

– Јасно и прецизно е пропишано во членот 17 кој на Собранието му предлага верификација на мандатите по конституирањето на парламентот. Имено, во тој член е наведено дека верификацијата на мандат на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот на мандатот, Собранието врши на првата наредна седница, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Овие извештаи се од Верификационата комисија којашто согласно овој Деловник престана да работи со завршувањето на конститутивната седница. Па така, сега имаме осум луѓе на кои местото не им е овде. И за тоа сте виновни вие што дозволивте тоа да се прави. И на овој начин продолжувањето со работа на ова Собрание ќе фрли огромна сенка на нелегалност и нелигитимитет. Но, тоа е нешто што не ме изненадува, оти во последниве неколку години, освен прекршување на Уставот и законите, не видовме ништо друго. Покрај тоа што целата македонска јавност знае дека сте криминалци, рекетари и неспособни, сега покажавте дека сте и неписмени – рече Јанушев.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести