16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Арсенал го совлада Ливерпул и ја почна сезоната со трофејот во Комјунити шилд

Трофејот од Комјунити шилд, или Супер-Купот оди во рацете на Арсенал. Тимот од Лондон на денешното финале на Вембли, беше подобар од Ливерпул по изведувањето на пеналите. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1.

Обамејанг во 12. минута го донесе Арсенал во водство, а Минамино израмни за „црвените“ во 73. минута.

Во изведувањето на пеналите, Арсенал беше прецизен пет пати, односно погодија Нелсон, Мајтланд-Нилс, Соарес, Луиз и Обамејанг. Кај Ливерпул не реализираше Бревстер во третата серија. Прецизни беа Салах, Фабињо, Минамино и Џонс.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести