Иако првата понуда од 65 милиони фунти отштета на име на откуп на Деклан Рајс од ВЕст Хем беше одбиена, сепак, тимот на Челзи не се откажува од ангажирањето на овој играч.
„Чеканите“ бараат цели 80 милиони фунти за еден од своите најдобри, но во исто време и по вредност најдрагоцени фудбалери. Клубот од Лондон пак не брза, очигледно игра тактика да почека уште малку кога ќе наближи крајот на преодниот рок, и тогаш да „притисне“ со финалната понуда за Рајс.
Челзи летово сериозно се засилува, следната година ќе игра сериозна улога во Премиер лигата, со сосема реновиран тим, во кој во стартните единаесет ќе се најдат сигурно пет до шест нови фудбалери.