Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Федерални агенти пронајдоа 39 исчезнати деца во Џорџија,САД во операцијата „Никогаш Заборавени“

Двонеделната мисија за спасување на загрозените и исчезнатите деца во Џорџија доведе до спасување на 39 деца и апсења на деветмина осомничени, соопшти во четвртокот Маршалската служба.


„Пораката до исчезнатите деца и нивните семејства е дека ние никогаш нема да престанеме да те бараме“, рече Доналд Вашингтон, директорот на Маршалската служба, во изјавата.

Деветмината уапсени се соочуваат со 26 обвиненија, меѓу кои и сексуална злоупотреба. Властите соопштија дека децата биле изложени на трговија со деца, експлоатација и сексуална злоупотреба.

Актот за правда за жртви на трговија со луѓе во 2015 година им даде поголем авторитет на федералните агенти да помагаат на локалните и сојузните полициски оддели за пронаоѓање на исчезнати деца. Само во изминатата година американските „Маршали“ преку 300 деца беа спасени. Трговијата со луѓе, позната како модерно ропство се јавува во секоја држава, а жртвите најчесто се жени и деца.

„Кога ги пронаоѓаме сторителите, убаво е чуството кога знаете дека лошиот сте го ставиле зад решетки, но тоа чуство за успех е ништо во споредба со пронаоѓање на исчезнато дете„ рече Дарби Кирби, началник на единицата за исчезнати деца.

Операцијата била планирана неколку месеци со соработка на ФБИ со локалните и сојузни власти.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...