Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Економска програма на новата Влада: прогресивен данок, фирма за едно евро, личен стечај

Измени во даночната сфера, вклучувајќи и прогресивен данок, отворање фирма со едно евро, обновување на старата идеја за личен стечај, поголем поврат на ДДВ за граѓаните се само дел од содржината на економскиот дел од предлог-програмата која новата влада треба да ја спроведе во четиригодишниот мандат.

За увезените машини и за суровините наменети за производство за извоз нема да плаќа ДДВ, за сите ресторански услуги овој данок ќе се сведе на 10 проценти, за занаетчиските услуги ќе се симне на пет проценти, а намалување ќе има и за земјоделските производи.

Персоналниот данок за ИТ индустријата скалесто ќе се намалува прво на пет, па на три проценти за во 2023 година да се сведе на нула. Од МојДДВ едно лице годишно ќе може да добие до 9.200 денари.

Ќе се воведе таканаречен здравствен и пензионерски туризам, ќе се намали цената на зелениот картон…Измени во даночната сфера вклучувајќи и прогресивен данок, отворање фирма со едно евро, обновување на старата идеја за личен стечај, поголем поврат на ДДВ за граѓаните се само дел од содржината на економскиот дел од програмата која новата влада треба да ја спроведе во четиригодишниот мандат.Според предлогот, во мандатот на оваа влада треба да се измени концептот на данокот на додадена вредност преку носење нов закон.

Со тој закон извозно ориентираните фирми за увезените машини и за суровините наменети за производство за извоз нема да плаќаат ДДВ. За сите ресторански услуги овој данок ќе се сведе на 10 проценти, за занаетчиските услуги ќе се симне на пет проценти, а намалување ќе има и за земјоделските производи.

Проектот МојДДВ ќе продолжи и понатаму, но со зголемен лимит од 2.300 денари за тримесечје, што на годишно ниво ќе овозможи поврат на ДДВ до 9.200 денари, што на четиричлено семејство би му донело 36.800 денари во текот на годината.Се планира од почетокот на 2022 година да се подигне прагот за плаќање ДДВ од сегашните два на три милиони денари годишен промет. До таа сума ќе биде и прагот за ослободување на данок на добивка.

Данокот на добивка, пак ќе се задржи на нивото од 10 проценти, со тоа што од наредната година оваа давачка нема да се плаќа при реинвестирање на добивката. Персоналниот данок за ИТ индустријата скалесто ќе се намалува прво на пет, па на три проценти за во 2023 година да се сведе на нула. Данокот на личен доход треба да остане 10 отсто, но Владата не се откажува од прогресивното оданочување кое во претходниот мандат го воведе, па за кратко го повлече. Планирано е воведување данок на луксуз.-Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз, стои во предложената програма за работа на новата влада.

Планирано е да не се плаќа персонален данок за обуки, квалификации, добивање лиценци, како и во договор со стопанските комори да се намалат парафискалните давачки до 75 проценти. Така на пример, ќе се укине давачката за поврзување на фискалната каса со УЈП.

За приредувачите на игри на среќа е предложен нов данок на промет од четири проценти при уплатата, а со закон ќе се забрани отворање казина и објекти за игри на среќа во близина на училишта, градинки и верски објекти.Во програмата има планови и за подобрување на бизнис климата пред сè во делот на микро и малите претпријатија. Ќе се овозможи фирма да се основа со само едно евро и во првите две години од работењето да не се плаќа фирмарина. Најавено е и драстично намалување на цените за издавање документи од Централен регистар, царина и други институции.Владата планира да ја реализира старата идеја стечај да можат да прогласуваат не само фирмите, туку и граѓаните.

Во програмата е предложен личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина и спречување на нови задолжувања. Тоа ќе се регулира со закон, преку кој треба да се избегне креирањето должничка спирала.

Меѓу другото во програмата стои и дека ќе се ограничи цената на задолжителните систематски прегледи на вработените, ќе се воведе таканаречен здравствен и пензионерски туризам, ќе се објавува бела листа на фирми кои редовно ги плаќаат даноците, а обврски од Законот за финансиска дисциплина ќе имаат и владините институции.Поевтин зелен картонБез да даде детали владата во својата четиригодишна програма за работа најавува и намалување на цената на зелениот картон.

Во програмата е наведено дека ќе се воведат европски стандарди во осигурувањето од автомобилска одговорност преку намалување на цената на чинење на зелениот картон, како производ на либерализирањето на цената на автоодговорност и решавање на проблемот со неосигурени возила.Како што е познато, европскиот концепт за осигурување од автоодговорност предвидува единствена цена на зелениот картон и домашното осигурување што се плаќа при техничкиот преглед.

Исто така, во програмата стои дека владата силно ќе се посвети на регулирање на пазарот на половни возила и заштита на потрошувачите, при што, меѓу другото најавува казни за измами со километражата. Во тој контекст, се наведува и дека преку укинување и намалување на давачки ќе се поттикнува употребата на еколошки возила.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...