5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Лукас има СУРОВА порака до своите колеги, замешан и Предраг Кон

Мајстор за добра забава, фолкерот Аца Лукас, најавил голем концерт на “Ташмајдан“ за 29 септември со што предизвикал лавина негативни коментари, како кај негови колеги, така и кај хејтери на неговиот лик и дела.

Поради фактот што се најавува втор бран на на корона вирус, а првиот сеуште трае, многумина се шокирале од неговата одлука да прави концерт. Ексклузивно за “Ало“ Аца Лукас во свој стил без влакна на јазик одговара на прозивките и праќа силна порака до своите колеги.

– Во период на пандемија ќе направам концерт, а на оние кои им смета, можат да седат дома и да плачат од мака. Да сум лопов, ќе крадев, да сум ѕидар ќе ѕидав куќи, вака како пејач можам само да пеам и да правам концерти. Од тоа само будали можат да прават помпа – вели Лукас, и истакнува дека ќе најде начин да одржи концерт дури и кога би му било забрането.

– На мојот концерт правилата ќе бидат такви како што на тој датум бидат одредени. Од дуга страна, ако воопшто нема мерки и потреба за нив, ќе се радуваме. Ако има забрана за собирање, ќе направам онлајн концерт по пат на интернет – вели Аца.

– Ако ми дозволат да пеам пред 50 луѓе, ќе пеам како да ги има 55 илјади. Ма пред еден човек ќе пејам, и ќе пеам за инат за сите оние кои од мене прават монструм и креваат врева околу мојата одлука да направам концерт – зборува фолкерот кој е особено бесен на народ кој го осудува.

– Пандемијата треба да ги прочисти сите тие идиоти, и конечно да станат нормални. Барем да знаеме на што сме во оваа земја, во која се повеќе се ненормални луѓе. Не можам јас сам да ги променам сите тие будали, кои сакаат да им биде лошо и не само тоа, туку да биде лошо и за други.

– Главен проблем на естрада е што никој од тие лоши пејачи несакат да се позанимава со својата кариера и со тоа што не се интересени ни во своето село, но одлично им е да го прозиваат чича Лукас, а повеќето од нив неможат да наполнат ни најмал клуб.

– Факт е дека 90 посто од естрада не би можеле да направат концерт, дури и да се воведат правила за народот да мора да оди. Сите дури и стручниот тим на доктор Предраг Кон на чело, цела нација да оди на нивните концерти, никој не би одел да ги слуша. И тогаш не би наполниле помал клуб, а не поголема хала или “Ташмајдан“. Затоа попаметно е да не се огласуваат додека тоа не се промени, а верувајте ми на зборот, дека нема наскоро – заклучува Аца Лукас.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести