Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Кога ти е веќе доста од се… НОВА РАКИЈА – КОРОНУША!

Селото Грбавци се наоѓа во подножјето на планината Козара, а на плодните падини на едно од најголемите села во општината Градишка, семејството Благојевиќ засади овоштарници од автохтона слива, јаболка и круши, од чиишто плодови се прави ракија, по семејен рецепт, стар еден вел.

„Првенствено, се обидуваме да ги зачуваме најстарите видови овошја кои се карактеристични за нашата клима и се на работ на истребување. Речиси заборавените сорти што некогаш биле доминантни во оваа област, се засадени во нашите овоштарници“, вели Жељко Благојевиќ.
„Сите сорти, т.е. нивните плодови пристигнуваат во различни периоди од годината, што е многу важно во текот на целата година – од раната петровка до доцната зеленика што се јаде во март или април – имаме стебло во овоштарникот од кое можеме да собереме овошје. Има и една круша, којашто се јаде околу Марковден, на почетокот на мај“, објаснува Жељко.

Кога овошјето ќе созрее, од него се прават најдобрите капки ракија, според стогодишниот рецепт на семејството. Како што вели човекот кој ја одржува традицијата, неговиот дедо одгледувал овошје и правел ракија, потоа неговиот татко, а во последните дваесет години тој самиот, со тоа што го заменил одгледувањето на комерцијални овошја со одгледување на домородни видови.

Ракијата од слива е најпознатата ракија произведена од ова семејство, иако годинава, како што вели Жељко, нема да има, затоа што сливите не родија. А, во време кога целиот свет се бори против вирусот Корона, вредниот домаќин добил идеја да направи ракија наречена Коронуша, токму од ракијата од слива, којашто ја чувал во дабово буре.

„Во време кога не ни знаевме што точно се случува со нас и новиот вирус, народот многу зборуваше за дезинфекција со алкохол. Секој ден по враќањето од работа, пиев ракија, ги дезинфицирав рацете и ја прскав облеката што ја соблекував, со распрскувач во кој истурив ракија“, вели тој со насмевка и додава дека вака дошол до идејата да ја направи новата ракија „Коронуша„

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.