Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Дуел Мизрахи-Заев во собрание!

Пратеничката Рашела Мизрахи денес во собранието цитираше изјави на мандатарот Зоран Заев, кому му посочи дека се колнел во своите деца дека нема да го смени името на Република Македонија. Заев, пак, ѝ одговори на Мизрахи дека помина времето на лажни патриоти.

„Овие искривоколчени тези повеќе не поминуваат затоа што ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за да го смени она што беше наша реалност, кога насекаде во светот беве ФИРОМ. Ништо не направивте. Само дома бевме Македонци и зборувавме македонски јазик, а сега сме за цел свет Македонци и зборуваме македонски јазик, признаени од сите“, рече Заев.

„И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца“, рече Мизрахи.

„Ова време на лажни патриоти заврши. Со овие избори е направен пресек. Трубевте со сите можни труби насекаде лажни тези за кои народот на изборите ви потврди дека не ви верува воопшто. Денеска и пермиерите и лидерите на Грција зборуваат за Северна Македонија во која што живеат Македонци што зборуваат македонски јазик“, одговори Заев.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...