Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Баба од Дојран (93) да ви каже: НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ВИРУСОТ, ПЕАМ И НЕ МУ ЈА МИСЛАМ МНОГУ

Супер бабичката Добрила Ивановска Чабриќ (93) од Дојран на јавноста и стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ каде што со својата енергија, харизма, талент… успеа да го освои регионот.

Помина самоизолација и карантин поради короната во родниот крај, а деновиве излезе на улица, поточно покрај Дојранското езеро, запеа и им поправи расположнието на своите сограѓани.

„Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков вирус. Мене короната не ми пречи да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши работи од пандемијата“ вели Добрила за „Гранд онлајн“ и додава дека во изолацијата конечно направила нешто за себе односно се посветила на пишување.

„Времето го поминувам многу корисно и никогаш не ми е досадно. Ја завршувам првата книга во која ќе ги раскажам сите детали од мојот приватен живот. Верувам дека ќе биде бестселер затоа што имам многу работи кои ќе бидат поучни за другите“ вели Добрила која некогаш била голема музичка и актерка ѕвезда во Русија и на Кипар.

Таа вели дека короната нема да ја спречи да го прави она што го сака односно да пее. Токму затоа, 93 – годишната супер баба како што ја нарекоа во „Никогаш не е доцна“ излезе пред својот дом во Дојран и им запеа на сите на кои им недостигаше музиката.

„Иако имам 93 години, живеам живот кој е краток и убав. Искрено, дури сега на овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека покрај мене времето брзо поминува.

Ни корната не ми смета да живеам со полни гради и да сум среќна“ вели македонската победничка на „Никогаш не е доцна“.

Во продолжение погледнете како Добрила ги забавува своите граѓани во Дојран.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...