Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

АКО ВИ СЕ БРЗА ЗА СВАДБА, да не чекате да запрат мерките… Драјв ин решение

Не е лесно да се каже судбоносното „да“ – заради пандемијата и поради тоа што славењето е забрането или е ограничено на помалку луѓе, а ретко кој би сакал да има ваква свадба. Но, примерот од Јужна Африка покажува дека ниту короната не претставува голема пречка за еден пар.

Вејн Халет поседува имот во близина на Дурбан, Јужна Африка. Имотот е совршено место за свадби: има шуми и цвеќиња во секое време од годината и дува пријатно ветре од Индискиот Океан.Но, сето тоа во моментов мирува поради пандемијата. Како и кај многу претприемачи ширум светот, Халет се прашува: како да ја спаси својата работа во доба на корона вирусот. Тогаш му падна на памет луда идеја: венчавка во “драјв-ин” стил. „Младенците одат до олтарот, таму ја сечат тортата и го играат првиот танц, а потоа влегуваат во автомобилот и заминуваат“, објаснува Вејн.

Гостите остануваат во своите автомобили паркирани во полукруг околу олтарот, а секој автомобил добива јадење преку прозорецот: пикник кошница и  парче свадбена торта. Свадбата се одвива во кругот на семејството и пријателите.

„Ова е време за минималистички свадби“, вели Вејн. „Пред кризата, многу парови сакаа голема свадба“, вели Џејсон Скот, организатор на професионални прослави. „Но, сега малите свадби се популарни“.

Никој не смее да остане без брак заради короната

Мисијата на водачот на агенцијата „Our Venue“, за која работи Скот, е дека на ниту еден пар короната не смее да ги уништи нивните планови.

„Не ги фрлајте сите свои планови во вода. Значи,од ништо не треба да се откажете, само треба да направите помала прослава или да ја одложите прославата за следната година.Многу организатори на свадби во моментов се флексибилни во однос на датумот и организацијата“, рече Скот.

И уште една предност: цените на свадбите, барем во Јужна Африка, се пониски од кога било. Можеби тоа е една од причините зошто во моментот се бараат свадби со возење.

Халет рече дека за помалку од една недела, тој добил барања од над 300 парови. Желбата да се излезе пред олтарот не попушта и покрај тешките околности.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...