21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ФК Тиквеш и Лозари вечерва за својот Христијан Јованов

Навивачката група Лозари заедно со фудбалскиот клуб Тиквеш се вклучуваат во големата кампања за собирање на потребните парични средства за успешно лекување на нивниот сограѓанин Христијан Јованов. Денеска,  на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, на штандот кој што во периодот од 18 до 22 часот ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци, ќе биде организиранаа дружба со фудбалерите на Тиквеш кои заедно со навивачката група Лозари ќе продаваат карти за претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Тиквеш и Кожуф по симоблична цена од 100 денари, навивачки маици, шалови и останати рекламни материјали, а сите собрани пари во целост ќе бидат донирани за лекување на Христијан Јованов. Најсреќниот помеѓу хуманите лица кои ќе се приклучат на акцијата ќе добие дрес од македонската фудбалска репрезентација.

ОД СРЦЕ ЗА ХРИСТИЈАН

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести