Двете најголеми и најважни фудбалски организации, ФИФА и УЕГА, не смеат да се мешаат во случајот Лионел Меси и Барселона.
Според калузулата во договорот за било кој спор меѓу Аргентинецот и каталонскиот гигант надлежен ќе биде судот во Шпанија, а не УЕФА, ФИФА или некој друг.
Меси ја потресе Каталонија по информацијата дека сака да замине од Барселона и тоа година дена пред истекот на актуелниот договор. Тој се повикува на одредени членову, но челниците на клубот не прифаќаат разделба и тврдат дека тој задоцнил со неговото барање за трансфер.
Многумина веруваа дека ФИФА ќе промени нешто поради пандемијата коронавирус, и ќе може да го заштити еден од најдобрите фудбалери во светот, но такво нешто не е можно, поради клаузулата, па двете организации ќе мора да седат на страна.
Ова значи дека Меси и барса ќе мораат да најдат заеднички јазик или целиот случај ќе оди на суд, а таму ќе не чека вистинска сапуница, нешто слично како онаа на Нејмар. Бразилецот поднесе трета тужба против Каталонците, откако замина од ПСЖ, а пак тие веднаш одговорија со против тужба, овој процес трае три години, ништо поразлично нема да биде и со Меси.
Мо, разликата меѓу нив двајца е огромна. ПСЖ за него плати 222 милиони евра, додека пак за Меси Барса ќе бара 700 милиони евра.