Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Турска адвокатка осудена за тероризам ПОЧИНА ПО 238 ДЕНА ШТРАЈК СО ГЛАД

По 238 денови штрајкување со глад во Истанбул починала турска адвокатка којашто на овој начин барала „праведен процес“ откако е осудена за тероризам.

„Почина Ебру Тимтик од нашата адвокатска канцеларија“, напишаа нејзините колеги на Twitter. Имала 42 години. Нејзината смрт предизвика веднаш реакции од граѓанскиот сектро во Турција и во Европа.

Минатата 2019 година Тимтик беше осудена на повеќе од 13 години затвори поради „припадност на терористичка организација“.

Во февруари барајќи нов судски процес започна штрајк со глад. Ебру Тимтик пиеше само засладена вода, растителни чаеви и витамини, а во моментот на смртта имала само 30 килограми, изјавија од нејзиното семејство.

Во петокот имало и мал судир меѓу лицата блиски на адвокатката и полицијата при доаѓањето на возилото на судската медицина по нејзиното тело. Полицајците употребиле солзавец и со штитови ги потиснувале собраните, пренесува AFP.

Пред затворот во петокот сепак е организирано давањето последна почест на починатата а потоа е одржана и погребната молитва. Повеќе стотици лица скандирале „Ебру Тимтик е бесмртна“, јавува репортерот на AFP.

Покрај Антак Инсал, кој исто така штрајкува со глад во затвор, Ебру Тимтик беше членка на Здружението на современи правници, кое се специјализира за правна одбрана во политички чувствителни судски процеси. Турските власти, пак, го обвинуваат ова здружение дека е поврзана со марксистичко-ленинистичката организација DHKP-C, којашто презема одговорност за неколку атентати и која Анкара и западните сојузници ја ставија на листата терористички организации.

Ебру Тимтик, меѓу другите, го застапуваше и семејство на Беркин Елван, момчето кое почина во 2014 година од последици на ранување со патрон со солзавец во текот на антивладините протести во инстабулскиот парк Геза во 2013 година.

Во јули судот во Истанбул одби да ја ослободи Тимтик, и покрај лекарскиот наод за нарушено здравје, откако заедно со Унсал беа префрлени во две болници. Во август слично барање беше поднесено и до Утавниот суд, кое исто така беше објавено.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...