Драгана А. од село крај Панчево комплетно домаќинство во Долна Каменица кај Ваљево му подарила на семејство со три мали деца, кое досега живеело како потстанари. Доброчинителката за овој гест не сакала да зборува јавно, но нејзината куќа новите сопственици ќе ги добие идната недела.
Освен новата опремена куќа семејството ќе добие и една стара, која може да се реновира, како и речиси хектар и пол земја, па ќе можат да се бават со земјоделие.Мештаните велат дека Драгана куќата со имотот ја купила пред десетина година, и сето било наменето за нејзиниот син кој по завршувањето на средното училиште се преселил во тоа село. Момчето обработувало земја и паралелно студирало во Валево. Но, за жал, пред четири години доживеал несреќа во која го загубил животот. После тоа во куќата не живеел никој.
Неговата мајка по несреќата решила истата да ја подари, но на семејство кое има повеќе деца и е без кров над главата.