Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати бројни критики на сметка на НБА-лигата по последните случувања. Добро е познато дека плеј-офот е прекинат поради бојкот на кошаркарите по новиот напад на афроамериканскиот народ.
„Мислам дека на луѓето почна да им здосадува НБА. За жал, НБА-лигата стана некој вид на политичка организација. Тоа не е добро, не е добро за државата и спортот“, изјави Трамп.
Мечевите од разигрувањето ќе продолжат утре и покрај тоа што двата тима од ЛА бараа да не се доигра плеј-офот.