Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Сфатил дека не ја познава сопругата, ПА ГО СЛАВЕЛ РАЗВОДОТ – Неверојатна приказна на актерот од Бољи живот

Актерот Борис Комнениќ кој позади себе има бројни улоги во филмови и серии, публиката засекогаш ќе го памети по улогата на Гуза од серијалот „Бољи живот“.

За неговиот приватен живот малку се знае, а тој бил оженет многу одамна со жена за која вели дека не ја познавал премногу,  акога ја запознал одлучил да се разведе.

– Работата не влијаеше на разводот, мојот брак заврши славно, затоа што разводот се покажа како одлично решение. Тоа беше еден од најубавите моменти во заедничкиот живот, никогаш не се дружевме подобро отколку на денот кога се разведовме. Отидовме на ручек заедно, разговаравме прекрасно и поминавме божествено време, и така продолживме – рече тој и додаде:

– Јас и Рене не се познававме доволно добро пред свадбата, тогаш започнавме да се дружиме и не ни се допадна тоа што го дознавме,  – изјави Борис.

Од бракот со Рене, тој има ќерка, Ника, која сега е мајка. Сепак, тој вели дека не успеал да учествува во нејзиното растење затоа што таа живеела со нејзината мајка во Хрватска.

– Не се видовме еден со друг од  избувнувањето на војната, затоа што од непознати причини никогаш не успеав да добијам виза за да одам и да ги посетам. Бидејќи визите сега се укинати, се гледаме редовно, но сега таа е зрела и формирана личност, мајка на мојата внука Луција. Ника сега влијае врз мене, обидувајќи се да ме едуцира и да ме направи позрел и подобар – рече тој.

Иако разделбата од неговата ќерка му паднала тешко, сепак среќен го правело тоа што од тајни канали добил информација дека неговата ќерка и поранешна сопруга биле добро, живи и здрави.

– Не можам да објаснам колку ми беше тешко. Некои канали работеа, дури и не знам како успеав… и само ми даваа информации дека двете се добри. Најлоша беше неизвесноста и нашето меѓусебно незнаење. Тоа беа најчувствителните години на ќерка ми во кои не учествував, и тој период практично е изгубен засекогаш. Се обидувам да не го повторам тоа со мојота внука и се надевам дека ќе успеам во тоа – вели тој.

Потоа тој раскажа како изгледала првата средба со неговата ќерка после толку години.

– Тоа беше како средба на две лица кои се многу блиски и не се познаваат. Се запознавме во Љубљана, затоа што во тоа време сè уште не можев да одам во Хрватска. Непријаљтноста за брзо беше разбиена, затоа што крвта не е вода, а прекрасните семејни односи за среќа траат до денес – рече актерот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...