Лацио има нов голман, а се работи за искусниот шпански чувар на мрежата Пепе Реина кој доаѓа како слободен фудбалер откако го раскина договорот со Милан една година порадно. Шпанецот, кој овој месец наполни 38 години, го одбра Лацио иако за него се интересираше и Валенсија и имаше можност да се врати во Шпанија.
Реина ќе се бори со албанскиот голман Томас Стракоша за местото меѓу диреците. Инаку Лацио е осми клуб во кариерата на Реина откако претходно играше за Барселона, Виљареал, Ливерпул, Наполи (во два периоди), Баерн, Милан и Астон Вила.