Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Тијаго Силва е нов фудбалер на Челзи

Челзи го потврди трансферот на бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва кој дојде како слободен фудбалер откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. Францускиот шампион му дозволи на Бразилецот да ги доигра натпреварите во Лигата на шампионите, а по поразот во финалето од Баерн, јасно е дека Силва заминува, а неговата нова дестинација е Челзи.

Договорот е на една година со опција да биде продолжен на уште една, а не директно на две како што се претпоставуваше претходно. Челзи не направи исклучок и остана на своето дека фудбалерите постари од 30 години да добиваат едногодишен договор и истиот по потреба да се продолжува.

Челзи е најактивен на трансфер пазарот ова лето. Денеска Силва, вчера Маланг Сар од Ница, а завчера Бен Чилвел од Лестер. Претходно ги донесе Тимо Вернер од РБ Лајпциг и Хаким Зијеш од Ајакс. Потрошени 143 милиони евра!

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...