Се почести стануваат протестите против Џеф Безос, најбогатиот човек на светот кој стана првиот кој надмина 200 милијарди долари богатство. Работниците од гигантот „Амазон“ бараат повисоки плати и токму затоа излегоа на протест пред вилата на нивниот шеф, а се повторува неодамнешното сценарио, кога работниците поставија гилотина токму пред неговата вила.
Овој пат тие се револтирани од фактот дека тие не добија покачување и покрај нивната напорна работа, особено за време на пандемијата, во исто време кога нивниот шеф го сруши сопствениот рекорд пред неколку дена и достигна нето богатство во вредност од скоро 200 милијарди долари.

Повеќе од 100 демонстранти се собраа пред куќата на Безос во Вашингтон во четвртокот. Апелот се однесува на покачување на минималната плата за час работа во Амазон, од 15 на 30 долари, бидејќи компанијата има извонреден напредок оваа година.
Богатството на Безос се зголеми за околу 85 милијарди долари од јануари досега.
– Дајте ни добра причина зошто не ја заслужуваме минималната плата од 30 долари на час, кога овој човек заработува по 4.000 долари во секунда, велат вработените.