Откако актерката и режисерка Даниела Штајнфелд го потресе Сараевскиот филмски фестивал со нејзиниот интимен документарен филм „Држи ме цврсто“, во кој покажа случаи на силување, но исто така откри дека таа самата била жртва на обљуба, се јавија и други актерки кои го имале нејзиниот проблем. Прва во емисија тоа го сподели актерката Ана Сакиќ.
– Сите мои проблеми ги решавав сама. Не е добро да се молчи за вакви работи. Не слушнав дека некоја од моите колешки да каже дека е силувана – рече Ана и додаде:
– Свесна сум дека изгубив многу улоги, затоа што одбивав да излезам на вино или да одам кај некого на кафе во три часот во хотелска соба. Знаеме што значи тоа. Во Србија има малку пари, но има многу искомплексирани мажи … – рече таа

Ана смета дека Даниела треба да го каже името и презимето на моќниот човек којшто ја злоупотребил и да знае дека не е сама.
– Требаше да го стори ова многу порано. Таа мора да оди на суд и да каже кој и го сторил тоа. Веројатно не беше лесно да се каже. Сепак, сега нема потреба да стравувава, бидејќи таа веќе не е сама. Непристојните понуди не се случуваат само во нашиот бизнис. Некои искомплексирани директори се однесуваат така кон своите секретарки. Јас нема да направам ништо што е неморално поради улога – објасни Ана.
– Кога ќе ве замолат да направите такво нешто, вие знаете како да се оддалечите од тоа. Лично, јас не доживеав грубост и уцена. На секој маж му е да се обиде да освои жена на убав начин. Имав такви кои уценуваа директно, но бев груба кон таквите мажи. Ме тепаа и мене – призна таа.
