Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Меркел: Училиштата и градинките СЕ НАЈВАЖНОТО ПРАШАЊЕ

German Chancellor Angela Merkel holds her annual summer news conference during the outbreak of the coronavirus disease (COVID-19) in Berlin, Germany, August 28, 2020. REUTERS/Michele Tantussi/Pool

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе се влоши во наредните месеци и оти во тие околности приоритет на нејзината Влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.

– Владата ќе стори сè за да обезбеди нашите деца да не бидат губитници на пандемијата. Училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање, рече Меркел на годишна прес-конференција во Берлин.

Таа додаде дека Владата, исто така, ќе работи на одржување на економската активност или рестартирање таму каде што сè уште стагнира поради пандемијата, како и да ги зачува работните места.

Трет приоритет ќе биде поттикнување на духот на социјална солидарност затоа што пандемијата влијае на некои луѓе, како што се стари лица или семејства со ниски примања, потешко од другите.

Во изминатиот период, Германија успеа да го задржи бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 на релативно ниско ниво во споредба со некои други големи европски земји. Сепак, бројот на новозаразени на дневно ниво расте од почетокот на јули и се забрза во последните недели.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.