Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Залутан куршум УДРИЛ ВО ВОЗИЛО ВО ТЕТОВО


Жител на Тетово пријавил ноќеска во полицијата дека е оштетено возило од заталкан куршум на негов пријател кој паркирал во дворот во населбата Дреновец, по што е утврдено дека истрелот е во соседството каде имало веселба.

Било оштетено патничко моторновозило “голф 4“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Р.А. (41). Во дворното место од куќата на пријавителот имало неколку лица, кои слушнале истрели од огнено оружје, по што забележиле дека возилото било оштетено на хаубата, информира СВР Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.

Во близина на возилото било пронајдено едно зрно од оружје, кое било подигнато за понатамошна постапка. Со лицата кои биле присутни извршен е разговор, кои изјавиле дека истрелите од огнено оружје се слушале од кај куќата на Л.Н. кој имал семејна веселба, соопштуваат од полиција

За настанот бил известен Јавен обвинител и сега сепреземаат мерки за расчистување на случајот. 

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...