Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Еве како се облекуваат НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ

Интересно истражување откри дека најсреќните луѓе имаат нешто заедничко –  слично се облекуваат. Нив ќе ги препознаете по нивниот едноставен стил на облекување, затоа што се посреќни луѓе, толку поедноставно се облекуваат.

Овој неочекуван заклучок произлезе од годишното истражување на ООН за нивото на среќа во животот на луѓето.

Истражувањето за глобалната среќа се спроведува од 2011 година, користејќи технологија што ја следи благосостојбата на луѓето во различни земји, но исто така и врз основа на субјективната проценка на граѓаните колку им е добар животот.

Во првите десет најсреќни земји, помалку или повеќе секоја година, има исти земји, само во малку променет редослед, а во оние што припаѓаат тука се: Норвешка, Финска, Данска, Холандија, Исланд, Швајцарија, Канада, Шведска, Нов Зеланд и Австралија.

Она што е исто така заедничко за сите овие земји е едноставноста во начинот на живот, а особено во начинот на облекување.

За споредба, земјите каде облеката и модата се многу, многу важни не се на високи позиции во најсреќните земји – како на пример Франција, Шпанија и Италија, каде луѓето постојано изгледаат како да одат на модна писта.

Од друга страна, ако ги погледнете Скандинавија и луѓето од првите десет најсреќни земји воопшто, ќе сфатите дека она што тие го имаат заедничко е дека никој не е оптоварен со облека и сите се облечени многу едноставно.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.