Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ден на рударите – наградени најдобрите вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј

По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници.

Наградите ги додели Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, кој ги поздрави вработените и им го честита празникот, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во РЕК Битола и РЕК Осломеј, чие производство на електрична енергија почива на јагленот, како и нивното значење во рамките на целата компанија АД ЕСМ.-Нашите рудари се првите во синџирот на производство на електричната енергија во термоелектраните. Се почнува во рудникот, од јагленот. Исто така, тука се и сите други вработени во другите сектори, но тоа што е заедничко за сите е споделувањето на една работна околина која е тешка за работа, која бара многу и која е многу одговорна.

Државата енергетски се потпира на нас и тоа е нешто за што сите мора да сме свесни во секој момент, бидејќи тоа е голема одговорност, им порача директорот Ковачевски на вработените.На пригодни церемонии по повод празникот кои се одржаа во двата комбината беа доделени награди, пофалници и плакети за покажана успешност, пожртвуваност и посветеност во извршувањето на работните задачи на 35 вработени во РЕК Битола, 11 вработени во РЕК Осломеј, како и признанија за двајца работници од РЕК Битола пензионирани со најдолг стаж меѓу двата празника.Дел од пофалниците се доделуваат и за особена пожртвуваност при справувањето со последиците од поплавите што го зафатија еден од двата рудника во РЕК Битола, Суводол овој месец.Директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и директорот на ПЕ Рудници, Драган Видановски денеска ги посетија вработените во рудникот кои непрекинато ги извршуваат работите за повторно целосно оспособување на ископот на јаглен и лично им го честитаа Денот на рударите.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...