Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Девет медицински екипи на Итната помош на услуга на граѓаните за празникот

По повод празникот Успение на пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на поголеми групирања.

Службата за итна медицинска помош по повод празникот има ангажирано девет медицински екипи за подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот. Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот, и од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...