Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Владика Јосиф: Да се помолиме Мајка Богородица да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе

Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица со богослужби се прославува денес во повеќе храмови низ тетовско-гостиварската епархијата, а централната прослава и воедно одбележувањето на манастирската слава се одржа во Лешочкиот манастирски комплекс „Пресвета Богородица и свети Атанасиј Велики“.

Вчера 27 август четврток со почеток во 16 часот се отслужи празнична Вечерна богослужба, а денес 28 август петок со почеток во 7 часот започна Утрената богослужба, а Светата архиерејска литургија почна во 8 часот.  Богослужеше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од тетовско-гостиварската епархија.

Во својата беседа г Јосиф порача дека поради страшната пандемија верниците се молат Богородица да донесе среќа и здравје на секоја човечка душа, особено за оние што се болни и што страдаат.

–Да се помолиме Богородица Мајка да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе. Овој празник нека нè потсети на љубовта и почитта кон родителите и кон нашата обврска да се грижиме за постарите. Правете им добро за добро и вам да ви се врати. И, како што рекол нашиот народ не копајте гроб на друг, оти сами ќе паднете во него, истакна владиката Јосиф.

-Денес на Успение, ние не ја славиме смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на Пресвета Богородица, која бдее над нашите души, чувајќи ги од злото и подготвувајќи ги за доброто и за вечниот живот, истакна надлежниот митрополит за денешниот празник.

– Еден празник достојно се прославува доколку го посетиме храмот Господов, доколку сме присуствувале на богослужението, доколку сме постеле, исповедале и како круна на сè доколку сме се причестиле со Светите Христови тајни. Подготовките за овој значаен празник започнаа пред две недели, со почетокот на Богородичниот пост, а денес е централното чествување. Оние што во овој период постеле, се исповедале и добиле благослов од својот духовен отец приоѓаат и се причестуваат со Телото и Крвта Христови, рече владиката.

Покрај во Лешок, Успение на Пресвета Богородица во тетовско како храмова слава ја празнуваат црквите именувани Света Богородица во Тетово, Џепчиште, Брезно и Теарце.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...