19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ЕХФ со ригорозни мерки: Ковид-тест мора да направат и фоторепортерите

Металург во сабота ќе биде домаќин на првата средба против Спачва во рамките на квалификациите за пласман во Лига Европа. ЕХФ за сите мечеви од европска сцена бара од клубовите да се превземат строги мерки за заштита на играчите од пандемијата коронавирус.

Ковид-тест нема да направат само тимовите, туку и фоторепортерите кои ќе сакаат да се најдат на теренот. Тимот од Автокоманда утринава ќе се тестира, а претседателката Зорица Блажевска ги извести фоторепортерите дека ќе мора да дојдат и тие доколку сакаат да го проследат дуелот со Спачва.

Очекувано публика нема да има, ограничен е бројот на новинари, а салата ќе биде подолена на зони, во секоја од нив бројот на лица е точно одреден.

При влезот во салата ќе се мери температура, а новинарите ќе мораат да потполнат прашалник, процедура која се применува секаде низ Европа. ЕХФ засега не дозволува ниту одржување на редовните прес-конференции.

Натпреварот со Спачва ќе се одигра в сабота, во “Автокоманда“, со почеток во 19 часот, реваншот е закажан за 5. септември.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести