Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ќе се менува законот: Во пензија пет години порано?

Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварување на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат. Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 година, но поради тоа што не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски измени.

Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија.

Обезбедување грижа од заедницата кон возрасните преку воспоставување локални услуги за грижа и нега. Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија, стои во програмата.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...