9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Уапсен заканувачот на екс пратеничката Весна Дамчевска Илиевска

Медиа.мк од свои извори во МВР, дознава дека пред малку во населбата Бутел 1, лишено од слобода било лицето С.Ч. (29), пријавен од екс пратеничката и актуелен делегат на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, дека синоќа упатил вербални и пишани закани и навреди кон неа.

Се работи за лице кое подолго време отслужувало затворски казни и е познат како извршител на повеќе кривични дела.

Екс пратеничката за овој настан, ја извести попладнево јавноста преку социјалните мрежи.

Медиа.мк го осудува секој чин на закани и насилство, посебно оние упатени кон припаднички на понежниот пол.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести