Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Третина од децата во светот НЕМААТ МОЖНОСТ ЗА ОНЛАЈН УЧЕЊЕ

Фондот за деца при Обединетите Нации, УНИЦЕФ, соопшти дека најмалку една третина од децата во светот немале можност да учат на далечина во моментите кога поради Ковид-19 беа затворени училиштата. Според нив тоа е еднакво на „вонредна состојба во образованието на глобално ниво“. УНИЦЕФ посочува дека на врвот на затворањето училишта поради пандемијата, речиси 1,5 милијарди деца биле погодени.

За најмалку 463 милиони деца чии училишта се затворени поради Ковид-19, немаше такво нешто како учење од далечина. Толкавиот број на деца чие образование е целосно нарушено со месеци е вонредна состојба во образованието на глобално ниво. Последиците би можеле да се почувствуваат во економиите и општествата. во наредните децении, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форт.

Во извештајот на УНИЦЕФ се укажува на значајна нееднаквост по региони, а децата во субсахарска Африка се најтешко погодени. Кога станува збор за бројките, најмногу деца се погодени во регионот на Јужна Азија, односно најмалку 147 милиони деца.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...