Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ нема повеќе да игра за репрезентацијата на Србија. Тој е на списокот на националниот тим за мечевите од Лигата на нациите против Русија и Турција, но нема да ги игра. Според информациите на „Информер“ директорот на ФС на Србија Владимир Матијашевиќ пробал да го убеди Матиќ да ја промени одлуката но не успеал.
„Немања пресече – нема повеќе да игра за репрезентацијата. И покрај убавите работи кои ги доживеа во репрезентацијата, имаше многу работи кои му сметаа. Рече дека не е задоволен како се решаваат некои работи во ФСС, но не сакаше да навлегува во детали. Матијашевиќ пробувал да го убеди да ја смени одлуката но Матиќ постојано повторувал дека му е доста од се и дека останува на своето“, пренесува извор близок до ФСС.
Матиќ има 48 настапи за Србија, а дебитираше во 2008 година.