Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

„Лорд и Тејлор“ ПРОПАДНА ПОСЛЕ 194 ГОДИНИ РАБОТА

„Лорд и Тејлор“, првата стоковна куќа основана во САД, и официјално престанува да работи, по речиси 200 години работа. Компанијата во банкрот објави денеска дека продажба огласиле  и преостанатите 38 продавници и порталот, што претставува пресврт во однос на минатонеделната одлука да продавниците на 14 локации остануваат отворени, пишува CNN.

Компанијата поднесе барање за банкрот на 2 август. Првично, беше објавено дека 19 продавници ќе бидат затворени, а неколку недели подоцна, тој број се зголеми на 24. Сега, сите продавници ќе бидат затворени.

Компанијата некогаш беше позната по својата екстравагантна мода

Првата продавница „Лорд и Тејлор“  е отворена во Њујорк во 1826 година, во Менхетен. Сопственици биле англиските имигранти Семјуел Лорд и Џорџ Вашингтон Тејлор. Компанијата растеше стабилно и својот капитал го зголеми шест пати во текот на првите 80 години, а во 1914 година е отворена продавница на Петтата авенија во близина на Тајмс Сквер.

Во годините по Втората светска војна, компанијата била предводена од Дороти Шајвер, која во тоа време станува првата жена лидер на толку голема трговска куќа. Таа успева да отвори бројни продавници во предградијата и го вовува концептот на лични асистенти за купување.

Сепак, конкуренцијата на ривалите со пониски цени стануваше се поголема и поголема. Од 1986 година до 2012 се менуваат три сопственици, а минатата година славниот ланец беше продаден на компанијата „Le Tote“ за 75 милиони долари. Беше направен обид да се оживее брендот со отворање на „pop-up“ продавница Њујорк со фокус на технологијата, но и тоа очигледно не успеа.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...