Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кина прва во светот со направени 90 МИЛИОНИ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19, а Велика Британија прва во ЕУ

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, Кина направи повеќе од 90 милиони тестови за Ковид-19, што ја става на прво место во светот во однос на тестирањето, а Велика Британија е прва во Европската унија (ЕУ) со околу 15 милиони теста.

На второто место во светот по бројот на направени тестови е САД со над 78 милиони, на третото место е Индија со околу 38 милиони, на четвртото место е Русија со повеќе од 35 милиони тестови, додека на петтото место е Велика Британија, која предводи во ЕУ.

На шестото место со околу 14 милиони тестови е Бразил, на седмото место е Германија со околу 11 милиони, а на осмото и деветтото место се Шпанија и Италија со по околу осум милиони тестови.

Списокот на десетте земји со најголем број тестови за Ковид-19 завршува со Обединетите Арапски Емирати и над шест милиони тестови спроведени во таа земја.

Досега во светот се регистрирани над 24 милиони позитивни на новиот коронавирус, од кои околу 830.000 починале како резултат на болеста, а речиси 17 милиони оздравеле.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...