Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Екс пратеничката од Вмро Дпмне, Весна Дамчевска Илиевска која побара вонреден конгрес добила закани!

Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата, објави на фејсбук Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор.

Знак на слабост и немање на вистински аргументи е испраќањето на разни ликови кои се закануваат и нарушуваат нечиј мир, не водејќи сметка за туѓите семејства.

На Македонија и треба здрава опозиција која демократски комуницира и ги решава отворените прашања.

Насилството мора да остане во минатото бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да оди напред само со отворена дебата и соочување на фактите.

Да се бара одговорност од раководството и одржување на Вонреден Конгрес е демократски чин. Да се испраќаат разни ликови пред нечиј дом, да се пишуваат вулгарни зборови со говор на омраза, обвинувања без основа, лични навреди, на социјалните мрежи е кукавички и нечовечeн чин.

Апелирам да престане безумието. Не е разумно тоа што го прават овие ликови, а уште понеразумно е тоа што некој помислил дека на тој начин може да се постигне нешто.

Само се жртвуват луѓето за нечија суета.

Да, пријавив закани и тормозење во полиција и ќе продолжам да пријавувам. Насилство нема да толерирам!

Очекувам полицијата да постапи. Мене нема да ме заплашите, ниту ќе отстапам од својот став само дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен вонреден Конгрес и промени.

Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...