Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДВЕ СЕМЕЈНИ НАСИЛСТВА ВО ТЕТОВСКО: Мажот си ја претепал жената и вујко нападнал внук

Во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден се пријавени два случаи на семејни насилства. Првиот се случил во дом во Тетово.

– Шеесетгодишна жителка на Тетово во 15 часот и 10 минути, во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 65-годишен сопруг подолго време психички ја малтретирал, и се заканувал по животот и во алкохолизирана состојба, се обидел физички да ја нападне, информираат од СВР Тетово

Вториот случај е во едно од тетовските села.

-Дваесетгодишен жител на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавил дека дента околу 18 часот и 40 минути, во неговиот дом, по куса вербална расправија, пред најблиските кои ги разделиле, физички бил нападнат од 40-годишниот вујко, информираат од полицијата.

За двата случаи се преземени активности за документирање и расчистување на пријавите. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...