Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

30-ДНЕВЕН ПРИТВОР за кумановец фатен со 15,77 грама марихуана

Кумановското обвинителство поведе постапка против 23-годишен кумановец кој се сомничи за производство и продажба на марихуана, соопшти денеска Јавното. обвинителство

Основното јавно обвинителство – Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомничениот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама, се вели во соопштението на ЈОРСМ.

Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донесе решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.