Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Штипјанец инсталирал камера на гробот на својот син за да дознае кој го краде цвеќето?!

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син инсталирал камера за да види кој во претходните 4 години секојдневно ги краде свежо поставените цвеќиња, објави штипската телевизија Стар.

Како што изјавил тој, за целиот период од смртта на неговиот рано починат син, некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела на гробот.

– Не можевме со сопругата да издржиме повеќе. Бевме во полицијата и се жалев, но ми рекоа дека штетата е мала и дека последиците за крадецот ќе бидат мали. Се жалев и во „Исар“, но во сите случаи крадецот беше поитар од чуварите – изјавил ожалостениот родител за Стар.

Токму затоа, тој решил на гробот да инсталира камера и самиот да го фати крадецот. Па, не знаејќи што го чека, крадецот уште следниот ден се појавил на гробот, а како што истакнал родителот, станувало збор за возрасна жена.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...