Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Украински експерт за безбедност: ВО ТЕК Е ПРВАТА СВЕТСКА БИЛОШКА ВОЈНА

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, смета дека во моментов се наоѓаме во текот на Првата светска биолошка војна.

– Денес ја следиме Првата светска биолошка војна, чии последици ги чувствува целиот свет – рече секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана за време на средбата со амбасадорите на Шведска и Финска во Украина Тобијас Тиберг и Паиви Лејн.

Според него, во современиот свет сајбер и биолошките закани стануваат пострашни и поопасни од нуклеарното оружје. Данилов ја истакна важноста за обединување на напорите на земјите партнери во борбата против овие закани.

Претходно, рускиот педијатар Леонид Рошаљ изрази мислење дека ситуацијата со пандемијата на коронавирусот изгледа како проба на биолошка војна.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...