Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Полицајци во Брисел малтретираат Словак до смрт

Двајца белгиски командири на федералната полиција поднесоа оставки откако во јавноста се појави скандалозно видео од просторија за притвор на аеродромот „Шарлерои“ од февруари 2018 година. На видеото јасно се гледа како белгиски полицајци се изживуваат со словачкиот државјанин Јозеф Хованец, кој подоцна починал во болницата. Хованец бил приведен за агресивно однесување додека се качувал во авион.

На снимката се гледа дека полицијата го оставила притвореникот сам во просторијата долго време, а тој ја удира главата од ѕидот во сериозна психичка состојба, по што почнува да крвари. Полицајците го легнуваат на подот, а едниот од нив го притиска со коленото врз грбот и стои така неколку минути. На снимката се прикажани и полицајци кои танцуваат околу него, а една полицајка поздравува со нацистичкиот поздрав, со крената рака. И повеќе од јасно е дека полицајците се забавувале наместо да му ја пружат потребната помош на притвореникот. Тој подоцна починал во болницата и му бил дијагностициран срцев удар.

Семејството на 38-годишниот Словак сега бара правда и се сомнева дека имало обид да се прикријат околностите околу смртта на Хованец.

Видеото, пренесено од белгиските медиуми, покажува дека приведениот не се спротивставувал на полицијата во ниту еден момент. Многумина се прашуваат што би се случило ако снимката не излезеше во јавност и дали навистина имало обид да се прикријат околностите на смртта на Словакот.

Полицајката која поздравува со нацистичкиот поздрав е префрлена на друга работа и „нема да биде на должност каде има контакт со граѓаните“.

https://youtube.com/watch?v=elRvakshgn0

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...