Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

САМО БОЈКО НЕ СЕ ДАВА: Министерот за правда на Бугарија поднесе оставка

Бугарскиот министер за правда, Данаил Кирилов, поради критиките упатени до него преку социјалните мрежи, одлучи да поднесе оставка по разговор со премиерот Бојко Борисов.

Премиерот на Бугарија ќе донесе одлука дали ќе ја прифати оставката на Кирилов по разговорите со партнерите во владејачката коалиција.

Доколку владејачката коалиција ја прифати оставката на Данаил Кирилов, за неа ќе мора да се изјаснат пратениците во собранието, кое повторно ќе биде свикано на 2 септември, по летната пауза.

Кирилов беше избран за министер за правда во март 2019 година, откако неговата претходничка Сека Цачева поднесе оставка, поради обвиненија дека наводно купила луксузен стан по ниска цена.

Ако неговата оставка биде прифатена, Кирилов ќе биде петтиот министер што ќе ја напушти Владата откако почнаа антивладините протести во јули.

Од почетокот на протестите, оставки поднесоа бугарскиот министер за финансии, економија, туризам и внатрешни работи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...