Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПАНИКА ВО ПРИЛЕП: Поригорозни мерки бидејќи има загрижувачи пораст на заболените

Непочитувањето на мерките, семејните собирања, навалиците, патувањата на гости се меѓу главните причини за наглиот пораст на заболените во Прилеп. Само за два дена има 28, а овој месец вкупно 92 нови случаи со Ковид-19, констатира приелскиот општински кризен штаб на денешниот состанок.

Активни се, но и контролирани се осум кластери, велат од Центарот за јавно здравје во Прилеп. Денеска е регистриран и 25-от смртен случај, почина 81-годишна жена.

Поради енормното зголемување на бројот на заразените, прилепскиот кризен штаб побара и апелира за почитување на мерките, но и на поригорозно казнување за неносење маски. Според градоначалникот Илија Јованоски, кој е и претседател на Кризниот штаб, мора совесноста да се зголеми.

– Апелирам и до невладините организации поактивно да се вклучат во кампањата за заштита од коронавирусот и целосното почитување на мерките. Упатувам посебен апел до младите и до сопствениците на угостителските објекти, целосно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, затоа што е забележливо дека последниот период не се почитуваат протоколите. Банките и поголемите маркети да ги засилат редарските служби пред нивните објекти, за да се спречат поголемите групирања кои се евидентни во изминатите денови. Градскиот пазар ќе продолжи со работа, ќе има засилена дезинфекција и никој нема да смее да влезе во пазарот без заштитна маска. Полицијата ќе биде сѐ поприсутна и во пазарот и пред поголемите маркети и банките и ќе ја засили казнената политика. Инаку, анализите покажуваат дека само 30 отсто од граѓаните редовно носат заштитни маски, рече Јованоски.

Епидемилогот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје нагласи дека семејните собирања, патувањата на гости се меѓу основните причини за зголемување на бројот.

– Факт е дека е време на годишни одмори. Луѓето се опуштија, се намали претпазливоста. Повеќе се движат, патуваат во региони каде има повеќе заболени. Најголемиот број заразени овој месец, дури две третини се од почетокот на минатата недела до денес. Има осум активни кластери и се контролираат, тие и сите нивни контакти. Но, сепак претпазливоста мора да се зголеми, вели Мургоска Станимировиќ. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...