Активна супстанца која се наоѓа во многу препарати против инсекти може да помогне во уништување коронавирусот, вели студијата на британската воена лабораторија.
Бидејќи претходно беше откриено дека „Цитриодиол“ може да убие други видови на коронавирус, научниците од владината Научно-технолошка лабораторија за одбрана (ДСТЛ) со месеци тестираат препарати против инсекти кои ја содржат оваа супстанца.
Тие спроведоа студија во која прскаа војници со препарат наменет за одбивање на инстекти, направени врз база на „Цитриодиол“, обидувајќи се да видат дали може да се обезбеди дополнителен слој на заштита од вируси.
Сепак, се верува дека препаратите против инсекти кои содржат „Цитродиол“ не се доволни за сами да ги заштитат луѓето од вирусот, но тие можат да се користат како дополнителен слој во заштитата заедно со маските за лице, миење на рацете и други здравствени препораки.
Своите првични наоди кои тие ги споделија, изјавија дека врз основа на добиените резултати, други експерти можат да спроведат понатамошно истражување, пренесува Sky News.

Цитриодиол е направен од маслото од лисјата и гранките од посебен вид на еукалиптус и е природно активна состојка која е ефикасна против голем број на штетни инсекти, комарци и безбеден за употреба за деца над 2 години.
Жаклин Вотсон, директорка на компанијата „Citrefine“,која ја произведува активната состојка од природни извори, претходно изјави дека е оптимист дека може да помогне да се запре ширењето на вирусот.
– Она што можеме да го кажеме е дека сметаме дека постои голема шанса да делува против овој вирус, но секако дека треба темелно да се тестира, рече таа.