Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Над 50 лица починаа за 24 часа – ОВАА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА СТАНУВА ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 24.184,434 лица. Од нив починале 825.994, а оздравеле 16.700,126.

– Во последното деноноќие во Бугарија се регистрирани 203 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 15.589, од кои активни се 4.416 случаи. Досега во земјата се направени 6.232 теста. На болничко лекување се 715 лица, од кои 64 на одделите за интензивна нега. Во последните 24 часа во Бугарија од Ковид-19 починале девет лица или вкупно 572.

– Во Романија, потврдени се 1.256 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 81.646, објавено е денеска во Букурешт. Уште 54 лица починале од вирусот корона, односно вкупно 3.421 лице од почетокот на пандемијата.

– Во последните 24 часа, во Србија се потврдени уште 154 случаи на коронавирус, од 9.932 тестирани примероци. Досега се потврдени вкупно 30.974 случаи на Ковид-19, а тестирани се 895.507 лица. Уште две лица починале, односно вкупно 707 луѓе од почетокот на пандемијата.  Хоспитализирани се 734 пациенти, а 37 лица се на респиратор.

– Во Австрија, во последните 24 часа повторно е забележан голем број на новозаразени со коронавирусот – дури 327. Само во Виена се регистрирани 178 нови случаи. Меѓу новозаразените има голем број на оние кои се вратиле од одмор во странство, а меѓу дестинациите, лидери се Хрватска (33,3 проценти), Турција (13,5), Косово (10,1), по што следат повратници од одмор во некоја од австриските провинции (7,1) и Србија (6,4).

– На Филипините се регистрирани 5.227 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на нови инфекции во последните 12 дена. Уште 99 лица починаа, објави филипинското Министерство за здравство.

– Во последните 24 часа, во Мексико се регистрирани 4.916 нови случаи на коронавирус, а починале 650 лица, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на епидемијата, заразени се 568.621 пациенти. Досега починале 61.450 луѓе.

– -Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случаи на Ковид-19 од 3.207 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.484 лица.

– Во Индија, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 67.000 нови случаи на коронавирус, а починале 1.059 лица. Во оваа земја, 3,2 милиони луѓе се разболеле од почетокот на епидемијата, а 1,5 милиони само во текот на минатиот месец. Од Ковид-19 досега починале 59.449 лица во оваа земја, соопшти Министерството за здравство.

– -Во последните 24 часа во Албанија регистрани се 168 нови случаи со Ковид-19, оздравени се 102 лица додека починаа четворица, меѓу нив и познатиот епидемилог Вилсон Топули. Апелираме до сите граѓани, деловни субјекти и инситуции строго да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на опасниот вирус, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита. -Во изминатите шест месеци, од почетокот на пандемијата до сега, направени се 58.752 теста, позитивен резултат е добиен кај 8.927 од нив, оздравеле 4.633, починале 263 лица додека активни на болеста се 4.031лице, наведува Министертвото. Се посочува дека и понатаму загрижува појавата на постојан раст на бројот на оние на кои им е потребен болнички третман. Во двете болници ковид моментно се хопситализирани 164 пациенти од кои 19 се во тешка состојба.

– Бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 492, откако во минатите 24 часа беа регистрирани нови четворица починати. Во лабораторијата за молекуларна микробиологија при Институтот за јавно здравдтво на Косово (ИКШПК) и во приватни лаборатории вчера со методот РЦ-ПЦР се тестирани 511 лица, при што кај 157 од нив е откриено присуството на коронавирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 резултирале 12.840 од 48.743 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени од новиот вирус. Вклучително вчерашните 154 евидентирани новоизлекувани, бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 8.942. Активни носители на вирусот, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.406 лица.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...