Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

И РЕМЕНСКИ ИМА СНИМКИ – Ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за „Меѓународен сојуз“

На барање на обвинетата Фросина Ременски судот денеска го затвори за јавност делот од рочиштето од предметот „Меѓународен сојуз“ во кој, требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка.

Ременски преку снимки од видеонадзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот во случајот за кој е обвинета за помагање на Бојан Јовановски-Боки 13 во делото измама.

-Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видеоматеријалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на Јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, истакна Ременски (МИА)

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...